Дома Фудбал ВИДЕО Пикфорд правеше гримаси пред да го одбрани пеналот на Халанд

ВИДЕО Пикфорд правеше гримаси пред да го одбрани пеналот на Халанд

Манчестер Сити и Евертон одиграа 1:1 во 18. коло од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бернардо Силва погоди за домашните, додека Илиман Ндиаје погоди за гостите. Во 51. минута Витали Миколенко направи пенал со прекршок врз Савињо, а две минути подоцна Ерлинг Халанд се обиде да го претвори во гол.

За жал на домашните навивачи, Џордан Пикфорд го одбрани неговиот удар. Во продолжението од акцијата Норвежанецот постигна гол, но од недозволена позиција, па остана 1:1.

Пред пеналот на Халанд, англискиот голман почна да прави гримаси за да ја наруши концентрацијата на противникот. Се чини дека му успеа бидејќи му одбрани пенал на норвешкиот центарфор и така го спаси својот тим. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…