Дома Фудбал Салах објави слика пред елката. Следеа голем број критики: Кој те натера да го направиш ова?

Салах објави слика пред елката. Следеа голем број критики: Кој те натера да го направиш ова?

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќното издание.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата бидејќи Салах е од исламска вероисповед.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за забрането). Неговата објава, чиј опис вели само „Среќен Божиќ“, за само 30 минути генерира повеќе од 47.000 коментари и доби над 430.000 лајкови. Меѓу многуте негативни коментари се издвојуваат следниве:

Ние муслиманитесе гордееме на вас, а вие вака ни возвраќате“. „Кој те тера на ова? “Избриши го ова, Мо!” „Ова мора да биде дел од неговиот договор…“ „Поради Бога, не. Објавете нешто за Палестина. „Брате, и коцкањето е поправедно од ова. „Треба ли веќе да го нарекуваме Мохамед?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти побара специфично засилување, но Перез не сака да му ја исполни желбата

Реал Мадрид има многу проблеми со повредите оваа сезона. Затоа, во јануари се очекува да с…