Дома Фудбал Мбапе: Го допрев дното и сфатив дека морам да дадам се од себе за Реал Мадрид

Мбапе: Го допрев дното и сфатив дека морам да дадам се од себе за Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата ја совладаа Севиља во натпреварот од 18. коло на шпанската Ла Лига, актуелниот шампион победи со 4:2.

Реал беше особено добар во воведниот дел од натпреварот, а за да постигнат три гола му требаа нешто повеќе од половина час.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Стрелци беа Килијан Мбапе во 10. минута, Федерико Валверде во 20. минута и Родриго во 34. минута.

Веднаш по примениот трет гол, гостите од Севиља го намалија резултатот на 1:3 со голот на Исак Ромеро, додека на почетокот на вториот дел Брахим Дијаз го врати Реал на три гола плус.

До крајот на мечот Реал се опушти и во бавен ритам го чекаше крајот на играта, што гостите го искористија за вториот гол на мечот. Стрелец беше Лукебакио во 85. за конечни 4:2 за домаќините.

Мбапе постигна гол на четири натпревари по ред и почна да ги замолчува критичарите: “Можам многу повеќе. Знам дека имам повеќе во моите нозе, играв подобро во последните натпревари. Натпреварот со Билбао беше добар за мене. Го допрев дното и дојде време да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пријател на Гвардиола најавува: Ерата завршува, заминуваат пет или шест првотимци!

Невидена криза го тресе Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола го проживува најтешкиот период во …