Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург претрпеа пораз 28:18 на гостувањето кај екс европскиот шампион Монпеље во натпревар од 5. коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Металург беше рамноправен во првиот дел кога имаше и водство, а по 30 минути беше 13:12 за Монпеље.
Сепак францускиот тим во вториот дел доминираше на теренот и вторите 30 минути ги доби со 15:6.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најефикасни кај Монпеље беа Матју Гребил и Вид Кавтичник со по 5 голови, додека кај Металург Воислав Брајовиќ постигна 6 голови, а Марко Нелоски 4.
На другите два дуела од оваа група: Елверум – Ла Риоха 27:32 и Татран Прешов – Чеховски Медведи 30:28.
Табела: Ла Риоха 7 бодови, Монпеље 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 4.