Дома Останати Кошарка Годините и него го стигнуваат: Леброн вакво нешто не доживеал никогаш претходно во кариерата!

Годините и него го стигнуваат: Леброн вакво нешто не доживеал никогаш претходно во кариерата!

Леброн Џејмс еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, се наоѓа во катастрофална серија каква што немал никогаш претходно во кариерата.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс на 30 декември ќе го прослави својот 40-ти роденден, а моментално ја игра 22-та сезона во својата кариера. Бележи одлични бројки (22 поени, 9,1 асистенција и осум скока по натпревар), но една црна низа не успева да прекине..

Имено, Џејмс ги промашил последните 24 обиди за три поени и тоа е нешто што му се нема случено никогаш порано.

Лејкерси моментно се осми на табелата на Западната конференција со резултат од 11 победи и девет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…