Легендарниот фудбалер и поранешен капитен на Арсенал Патрик Виеира ќе биде тренер на Џенова, а тоа е лоша вест за напаѓачот на овој тим Марио Балотели.
Виеира и Балотели кратко беа соиграчи во Манчестер сити, а потоа соработуваа и кога Французинот беше тренер на Ница.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Додека соработуваа во францускиот клуб во април 2020 Виеира даде изјава која најавува дека Балотели би можел да нема посериозна улога во Џенова.
„Балотели ментално не е ситуиран за да биде дел од тимски спорт како фудбал. Во Ница сакав да наметнам специфична филозофија, а тоа се базираше на сплотеност и работна етика. Беше навистина тешко да се работи со него, ситуацијата стана уште понеодржлива за двете страни и моравме да се разделиме“.
„Проблемот со Виеира е тоа што неговиот стил не ми одговара. Добро се сложив со него, ама немавме иста фудбалска визија. Ако не беа тие проблеми, воопшто немаше да заминам од Ница“, изјави Виеира.