Дома Останати Кошарка НБА Синот на Леброн настапи колку само да испише историја, па – си замина од Лејкерс!

Синот на Леброн настапи колку само да испише историја, па – си замина од Лејкерс!

Неколку дена откако Леброн Џејмс и неговиот син заедно заигреаа во натпревар од НБА лигата и станаа првиот „татко и син“ кои настапиле за ист тим во историјата на најсилното кошаркарско натпреварување Лејкерс го испратија Брони во понизок ранг.

Против Минесота двајцата се најдоа на паркетот, меѓутоа дали во иднина повторно тоа ќе се случи ќе зависи од равојот на младиот Брони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брони Џејмс беше избран од Лејкерс како 55. на драфтот и во претсезоната имаше просек од 4.2 поени по натпревар со 9/37 шут од поле и 1/12 за три поени. Сезоната ќе ја продолжи во Саут Беј Лејкерс, тренерот Џеј Џеј Редик вели дека ова било договорено од првиот ден.

„Таков договор имавме од првиот ден. Разговаравме со генералниот директор Роб Пелинка и Леброн исто така знаеше“, тврди Редик.

Во неговиот единствен натпревар во НБА, Брони одигра три минути и не успеа да поентира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…