Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид би можел да остане без голманот Тибо Куртоа и напаѓачот Родриго за големото саботно дерби од Примера против Барселона поради повредите здобиени во вторникот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Куртоа заработи повреда на мускулот на левата нога, а според шпанските медиуми би можел да биде надвор од терените околу две недели, иако се уште нема официјална потврда од клубот.
Во вторникот Родриго го напушти натпреварот во 85. минута поради повреда на мускулот и се уште не е познато колку е сериозна повредата.
По 10 одиграни кола во Примера, Барселона е лидер со 27 бода, три повеќе од вториот Реал.