Дома Фудбал Ристовски прогласен за играч на натпреварот: Сакаме да направиме повеќе од ова

Ристовски прогласен за играч на натпреварот: Сакаме да направиме повеќе од ова

Динамо го победи РБ Салцбург со 0:2 на гостински терен во третото коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стрелци на Динамо беа Сандро Куленовиќ во 49. минута и Бруно Петковиќ во 84. минута, а австрискиот вицешампион од 66. минута имаше играч помалку бидејќи голманот Александар Шлагер доби директен црвен картон.

Натпреварот го коментираше македонецот Стефан Ристовски, дефанзивецот на Динамо кој асистираше за двата гола и ја доби наградата за играч на натпреварот.

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслуживме да победиме. убава атмосфера.

Сакавме да победиме вечерва, имавме голема желба. Го исполнивме она што се договоривме, ги спречивме нивните контри и одигравме врвна партија.

Сигурно победата ќе донесе самодоверба по шокот на почетокот. Овој тим напредуваше. Сакаме да направиме повеќе од ова“, рече Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е приказната како Трамп го поништи црвениот картон на американскиот фудбалер

Само неколку дена по исклучувањето во натпреварот против Босна и Херцеговина, американскио…