Дома Фудбал Салах го престигна Агуеро и е шести во историјата на ПЛ по овој параметар, наскоро ќе „падне“ и Лампард

Салах го престигна Агуеро и е шести во историјата на ПЛ по овој параметар, наскоро ќе „падне“ и Лампард

Мохамед Салах беше херојот на триумфот на Ливерпул над Челзи од 2:1, со голот со кој „Црвените“ поведоа од 1:0, а потоа и одличната асистенција за Куртис Џонс, која на крајот беше доволна за три бода.

На овој начин Салах стигна до 160 гола и 72 асистенции во дресот на Ливерпул, односно „придонес“ од 232 гола во дресот на една екипа во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така на вечната листа го престигна Серхио Агуеро кој во дресот на Манчестер Сити има вкупно 231 гол и асистенција (184 гола и 47 асистенции).

Египќанецот е шести на таа листа, пред него е Френк Лампард, поранешениот ас на Челзи, со бројка од 232 (147 гола и 90 асистенции).

Прв на листата е Вејн Руни со придонес од 276 погодоци (183 гола и 93 асистенции), следен од Рајан Гигс со 271 (109 гола и 162 асистенции), на третото место е Хари Кејн со 259 (213 гола и 46 асистенции). ), а четврти е Тиери Анри со 249 (175 гола и 74 асистенции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добри вести за Артета, важен играч повторно во тимот

Еберечи Езе, играчот од средината на теренот на Арсенал, се врати на тренинзи со Топчиите …