Дома Фудбал Барселона и даде пет гола на Севиља (ВИДЕО)

Барселона и даде пет гола на Севиља (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја продолжија доминацијата сезонава во шпанската Ла Лига, со убедливата победа од 5:1 над Севиља пред своите гледачи во 10. коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа е деветта победа на Барселона, која уште еднаш се одвои на врвот на табелата од второпласираниот Реал Мадрид, повторно има три бода повеќе. Севиља падна на 13. место.

Барселона замина на полувреме со водство од 3:0. Два гола постигна Роберт Левандовски, еден од пенал, а Педри постигна еден гол.

Поголем дел од второто полувреме беше мирно, а потоа на крајот беа постигнати уште три гола. Два за Барселона постигна Пабло Торе, а за гостите Идумбо. Погледнете ги сите голови ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Шкендија и Металург може да заигра во Серија А!

Поранешниот фудбалер на Шкендија и Металург, Меритон Кореница, е на чекор до најголемиот т…