Според извештајот на Форбс, Португалецот Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот.
Заработката на ѕвездата на Ал-Наср од Саудиска Арабија е огромна – 262 милиони долари (пред оданочување). Во оваа бројка е вклучена и сумата што Португалецот ја собира од комерцијални активности.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
На второто место на листата на најплатени фудбалери е најголемиот ривал на Роналдо на теренот, Аргентинецот Лионел Меси, членот на Интер Мајами од САД, кој годишно заработува 124 милиони.
Трет најплатен фудбалер во светот е Бразилецот Нејмар со плата од 101 милион долари.
Зад него се Карим Бензема со 96 милиони и Килијан Мбапе со 83 милиони кои ја комплетираат листата на Топ 5 најплатени фудбалери во светот.
Од шестата до 10 позиција се наоѓаат Ерлинг Халанд (55 милиони долари), Винисиус Жуниор (50 милиони), Мохамед Салах (48 милиони), Садио Мане (47 милиони) и Кевин де Брујне (36 милиони).