Дома Фудбал Репрезентации Тухел бил дури трета опција за Англија: Познато од кои двајца тренери добиле „корпа“

Тухел бил дури трета опција за Англија: Познато од кои двајца тренери добиле „корпа“

Фудбалскиот сојуз на Англија официјално го именуваше Томас Тухел за нов селектор и беше ставен крај на сагата која траеше неколку месеци.

Привремено Англичаните ги водеше Ли Карсли, а Тухел со работа ќе започне од 1 јануари 2025 година пред квалификациите за Мундијалот. Меѓутоа денеска медиумите пренесуваат дека Германецот не бил прв на листата желби.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прва желба на луѓето во Фудбалскиот сојуз на Англија бил Пеп Гвардиола кој се уште нема да донесено одлука околу својата иднина дали ќе потпише нов договор со Манчестер Сити или ќе замине.

Зад Гвардиола било името на Карло Анчелоти. Анчелоти има договор со Реал Мадрид до јуни 2025 година и се најавува дека ја работи последната сезона на „Бернабеу“. Планот на Англичаните бил да го задржат Карсли до јуни 2025 година, а тогаш да дојде Италијанецот.

Откако Пеп и Анчелоти не прифатиле тие се насочиле кон Тухел со кого на крајот и постигнале договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…