Во Англија започна судењето против Манчестер Сити кој е обвинет за 115 прекршоци, а како најцрно сценарио за „граѓаните“ се споменува исфрлање од Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Голем дел од јавноста смета дека англискиот шампион треба да ја добие највисоката казна и да биде исфрлен во понизок ранг доколку се потврди дека го прекршувале финансискиот фер-плеј.
На оваа тема на прашања пред новинарите повторно одговараше тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Можеби некогаш сум арогантен на оваа тема, но сакам да го бранам мојот тим, посебно во овој период. Изгледа како сите да сакаат не само да испаднеме, туку и да исчезнеме од светот“, изјави Гвардиола.
Денеска од 17:30 часот Манчестер Сити го очекува дербито во Премиер лигата против Арсенал.