НЕВЕРОЈАТЕНИОТ потег на голманот на Арсенал, Давид Раја за многумина е еден од најдобрите потези во првото коло од Лигата на шампионите.
Чудесна одбрана, на која и претходеше удар од белата точка, беше забележана во ремито без голови меѓу Аталанта и лондонскиот клуб (0:0).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во двата наврати ги запре ударите на Матео Ретеги.
„Тоа беше пенал, а јас имав среќа што отидов на десната страна и го одбранив. Имав среќа и што топката се одби до него и бев доволно брз за да стигнам до неа.
Решив да се фрлам на десната страна. Имаше долга пауза и разговарав со тренерот за да бидам посигурен на која страна ќе застанам. Тој ми помогна, му благодарам“, рече Раја по натпреварот.
Тренерот на тимот, Микел Артета, рече дека ова е една од најдобрите одбрани што ги видел во животот.