Динамо го претрпе најголемиот пораз во својата историја во првото коло од Лигата на шампионите.
На гостувањето во Минхен против Баерн, хрватскиот шампион беше поразен со огромни 9:2 и со тоа стана првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој примил девет гола на еден натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прв стрелец на натпреварот беше Хари Кејн, кој постигна четири гола, од кои три од пенал. По натпреварот тој застана пред камерите на Арена Спорт, а еве што изјави:
„Сакавме да влеземе силно и мислам дека успеавме. Од почеток до крај, освен овие пет минути на почетокот на вториот дел, бевме добри и убедливи. Сакавме да продолжиме со добрата форма, овој резултат го потврдува тоа. Тренерот ни рече да бидеме немилосрдни. Стигнавме до девет, сакавме 10 и 11, мора така да продолжиме“.