Дома Фудбал Роналдо реши да го покаже луксузот во кој живее, многумина се изненадија од тоа што го чува на ѕидовите (ВИДЕО)

Роналдо реши да го покаже луксузот во кој живее, многумина се изненадија од тоа што го чува на ѕидовите (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо, еден од најпопуларните спортисти во светот, не само што доминира на теренот, туку и надвор од него. Toj има огромно влијание на социјалните мрежи и преку маркетинг кампањи.

Тој неодамна стана првиот што достигна повеќе од една милијарда следбеници низ платформите, што ја покажува неговата глобална популарност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Посебно внимание привлече и неговата одлука да ги отвори вратите од својата палата во Лисабон за интервју со поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Во овој ексклузивен прикраден поглед, публиката имаше можност да ѕирне во домот на Роналдо, како и да ја види неговата импресивна колекција на автомобили.

Иако не дозволуваше влез во приватни соби, внимание привлече еден детал – ѕидовите на куќата се украсени со бројни фотографии од кариерата на Роналдо.

Некои тоа би го нарекле егоцентризам, додека други го гледаат како начин да се потсети на неговите успеси и напорната работа што го донесе до врвот на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна грешка на дресовите за Светското првенство: „Најк“ го призна пропустот – бил направен поради вештачка интелигенција!

Компанијата „Најк“ јавно призна бизарна производствена грешка на новите дресови наменети з…