Дома Фудбал Не можеше да ги задржи солзите: Станковиќ плачеше поради скандирањето на навивачите на Спартак

Не можеше да ги задржи солзите: Станковиќ плачеше поради скандирањето на навивачите на Спартак

Московски Спартак прослави 10 години од отворањето на стадионот „Лужњики“, а на прославата беше и тренерот на црвено-белите, Дејан Станковиќ.

Интересно, и Станковиќ во четвртокот на 11 септември го прослави својот 46-ти роденден, а навивачите на Спартак му приредија незаборавни сцени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, по прославата, Станковиќ се приближи до трибината со најжестоките приврзаници на Спартак, а тие едногласно почнаа да скандираат „Станковиќ Дејан“.

Познатиот фудбалер тоа го доживеа многу емотивно, и не можеше да ги задржи солзите…

Да потсетиме, Станковиќ како играч остави голема трага на Црвена звезда,, а токму Спартак важи за братски клуб на црвено-белите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска катастрофа за Тотенхем: Ова им се случува првпат во 144 години постоење!

По убедливата>победа на Вест Хем над Волвс со 4:0 во 32. коло од Премиер лигата, Тотенхем …