Репрезентацијата на Аргентина го претрпе вториот пораз во квалификациите за Светското првенство.
Подобра од актуелните светски прваци беше Колумбија која победи со 2:1. Во рамките на 8. коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026, поразен беше и Бразил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џејмс Родригез погоди од пенал и асистираше до Јерсон Москера во победата на Колумбија во Баранкиља, додека Николас Гонзалес го постигна единствениот гол за Аргентина. Без Лионел Меси, својата најголема ѕвезда, Аргентина го забележа вториот пораз, но сепак е водечка селекција во рангирањето на репрезентациите на јужноамериканскиот дел од квалификациите за следното Светско првенство.
Џејмс Родригез ја продолжи одличната серија во репрезентативни натпревари. Во последните осум натпревари за Колумбија, тој постигна три и асистираше седум гола.
Бразил се уште не може да смета на повредениот Нејмар, но очекуваше повеќе од конечните 0:1 на гостувањето кај Парагвај.
Винисиус Жуниор, Ендрик и Родриго не успеаја да се запишат меѓу стрелците, а четвртиот пораз во овие квалификации на Бразил му го нанесе Диего Гомез со прекрасен гол.
Погледнете го голот ТУКА.