Дома Фудбал За оние кои пропуштиле: Погледнете го спектакуларниот гол на Барди против Ерменија

За оние кои пропуштиле: Погледнете го спектакуларниот гол на Барди против Ерменија

Македонија ја победи Ерменија со 2:0 (0:0) и ги задржа шансите за освојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата од Лигата на нации. Македонија, до победата дојде во второто полувреме, кое го играше со фудбалер помалку, со головите на Барди и Миовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската репрезентација на Македонија ја прекина лошата низа и по 11 месеци успеа да забележи победа. Интересно, пред неполна година, Македонија ја победи Ерменија во пријателски натпревар во Струмица, а против истиот ривал ја прекина серијата од седум натпревари без победа.

Избраниците на Благоја Милевски беа подобри на теренот, не и дозволија на Ерменија ниту еднаш сериозно да се закани по голот на Димитриевски и на крајот заслужено го запишаа привиот триумф во новата сезона во Лигата на нации.

Во продолжение погледнете го голот на Барди од слободен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…