Италијански медиуми го открија списокот на играчи на кои Милан ќе смета во натпреварите од Лигата на шампионите.
На таа листа го нема Лука Јовиќ. Тренерот на тимот Пауло Фонсека на таа листа не го вброи некогаш големиот талент на светскиот фудбал. Италијанските медиуми велат дека ова не е големо чудо, откако Милан во финишот на преодниот рок го доведе Тами Абрахам на позајмица од Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сезонава Јовиќ одигра 60 минути против Торино, четири минути против Парма, а против Лацио не играше поради болки во грбот. Не постигна гол, а не успеа ниту да асистира.
За потсетување, Јовиќ дојде во Реал Мадрид од Ајнтрахт во 2019 година како 21-годишник со отштета од 63 милиони евра. Тоа значеше дека младиот српски напаѓач тогаш стана седмиот најскап играч во историјата на најголемиот клуб, по само една одлична сезона во врвниот фудбал.
Реал плати 18 милиони повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Лука Модриќ, Карим Бензема, Тибо Куртоа, Чаби Алонсо и Анхел Ди Марија го чинеа Реал по околу 35 милиони евра. За Реал одигра 51 натпревар и постигна само три гола.
На крајот, во септември 2022 година, Реал го пушти Јовиќ во Фиорентина, бесплатно, без обештетување, а само една година подоцна бесплатно пристигна во Милано. На 32 натпревари за гигантот од Сан Сиро постигна девет гола.