Дома Фудбал Милан го испрати Адли на позајмица во Фиорентина

Милан го испрати Адли на позајмица во Фиорентина

Францускиот фудбалер Јасин Адли се пресели од Милан во Фиорентина, соопшти денеска клубот од Фиренца.

Како што беше најавено, Адли (24) до крајот на сезоната ќе игра за клубот од стадионот Артемио Франки како позајмен играч, по што ќе биде купен за 10 милиони евра, а Милан ќе добие и 10 отсто од пренос во случај на последователна продажба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Адли порасна во Пари Сен Жермен, а пред Милан играше и во Бордо. Минатата сезона одигра 33 натпревари за Милан во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Некогаш беше член на сите јуниорски селекции на Франција, но никогаш не дебитираше за А тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скриен стадион во прекрасен град: Не требаше да биде изграден, a денес се соочува со предизвици (Видео)

Европа е позната по современите стадиони, но и по оние кои имаат свои посебни приказни. Се…