ДАНИ ОЛМО (26) одлично го забележа првиот настап за Барселона. Откако по 10 години се врати во својот матичен клуб, тој дебитираше за сениорскиот тим во третото коло од Ла Лига на жешкото гостување во Мадрид. Кај Рајо Ваљекано влезе во игра во 46. минута и на осум минути пред крајот постигна гол за победа од 2:1.
Олмо интересно го прослави погодокот. Тој го прослави својот гол во дебито за Барселона покажувајќи на часовникот. Истиот гест го копираа и неговиот соиграч Ламин Јамал, како и Роберт Левандовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски Мундо Депортиво открива зошто Олмо славел вака во текстот под наслов „Време е на Дани Олмо“, во кој пишува: „Олмо го прослави својот прв и победнички гол на Барселона покажувајќи на часовникот, што симболично значи дека ова е негов момент.