Барселона стигна до третата победа во третото коло во Ла Лига.
По неверојатни 2125 дена, на гостувањето кај Рајо , Каталонците конечно остварија победа од 2:1, но не без многу мака и проблеми. Рајо поведе со голот на Унаи Лопез во деветтата минута. Пресвртот дојде во вториот дел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дани Олмо во игра влезе во 46. минута наместо Феран Торес, а во 60. минута Педри израмни.
Барса се обидуваше да победи, создаваше шанси, но не можеше да постигне гол до 82. минута. Потоа дојде Дани Олмо, кој погоди со прецизен удар за победа на дебито за Каталонците.