Дома Фудбал Хамес Родригез е на чекор до враќање во Европа

Хамес Родригез е на чекор до враќање во Европа

Хамес РОДРИГЕЗ одигра одличен турнир на Копа Америка каде колумбиската репрезентација стигна до финалето каде беше поразена од Аргентина.

Токму тој беше прогласен за најдобар играч на натпреварувањето, каде постигна еден гол и забележа шест асистенции. Неговите добри игри натераа многу клубови да размислуваат да му дадат уште една шанса во Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој се договори за взаемно раскинување на договорот со Сао Паоло. Играчот кој брилјираше на Светското првенство во Бразил во 2014 година и беше негов најдобар стрелец со шест гола, а потоа потпиша за Реал Мадрид, сега е 33-годишник кого Tрансфермаркт го цени на пет милиони евра. Како играч на Реал, а подоцна и на Баерн, вредеше 80 мил.

Родригез пред неколку месеци навести дека размислува за враќање во Европа, а сега се чини дека би можел да потпише за шпански Рајо Ваљекано. Иако има уште неколку понуди, а наводно има и од Наполи, Марсеј и Болоња, шпанските медиуми се согласуваат – Џејмс е на чекор од потпис за Рајо.

Во Европа, Родригез играше за Реал Мадрид (125 натпревари), Порто (108), Баерн (67), Монако (38), Евертон (26) и Олимпијакос (23). Прослави првенствени титули во Шпанија, Германија и Португалија, со Реал двапати ја освои Лигата на шампионите и со Порто Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…