Викендов на програмата во англискиот фудбал е првото коло од Премиер лигата во кое силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Челси.
Тимот на Пеп Гвардиола ќе оди ослабен на гостувањето на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи Родри нема да биде во комбинација за настап.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дека Родри ќе отсуствува потврди шпанскиот стратег на прес-конференцијата пред овој дуел.
„Родри не тренираше со останатите фудбалери и нема да биде во комбинација за настап затоа што не е подготвен“, изјави Пеп.