Дома Фудбал Барселона не пријави пет играчи за стартот на Ла Лига. Олмо е еден од нив

Барселона не пријави пет играчи за стартот на Ла Лига. Олмо е еден од нив

Барселона потврди дека Ерик Гарсија, Клемент Ленгле и Ансу Фати се пријавени играчи за новата сезона, па се спремни за настап уште на саботниот натпревар против Валенсија во 1.коло од шпанската Ла Лига.

Сепак, во нејзиниот тим има некои важни играчи кои во моментов не се пријавени и затоа би можеле да го пропуштат натпреварот. Меѓу нив е и Дани Олмо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барса го донесе Олмо, европскиот првак со шпанската репрезентација, во трансфер вреден 55 милиони евра, со можни бонуси од дополнителни седум милиони евра кои треба да му бидат исплатени на РБ Лајпциг.

Иниго Мартинез, Алекс Вале, Пабло Торе и Пау Виктор се во иста ситуација како Олмо. Се очекува до петок Барселона да го реши овој проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…