Дома Фудбал Јувентус го раскина договорот со првиот голман

Јувентус го раскина договорот со првиот голман

Првиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни го раскинал договорот со италијанскиот клуб, пишува Фабрицио Романо.

34-годишниот полски голман имаше договор за уште една година, но тој и клубот одлучија дека е најдобро веднаш да се разделат.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Минатата сезона Шчесни беше прв избор на тренерот Масимилијано Алегри и бранеше на 35 натпревари во италијанското првенство.

Оваа сезона на негово место ќе дојде 31-годишниот Матија Перин.

Полскиот голман пристигна во Јувентус летото 2017 година.

Бранеше на вкупно 252 натпревари и прими 233 гола, во просек помалку од еден гол по натпревар. Тој освои три шампионски титули и три Купа на Италија.

Покрај во Јувентус бранеше и во Рома (81 натпревар), Арсенал (181 натпревар) и кратко во Брентфорд. Тој се уште е репрезентативец на Полска, со кој беше на ЕП. Вкупно има 84 настапи за националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …