Дома Останати Тенис Рафаел Надал се повлече од УС Опен

Рафаел Надал се повлече од УС Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од овогодинешното издание на УС Опен и својата одлука ја образложи со тоа што не може да даде сто проценти од себе.

Еден од најдобрите тенисери во 21 век неодамна беше поразен од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Рафа неодамна се здоби со голем број повреди и на негова возраст не е реално дека повторно ќе биде оној стариот.

Така во соопштението истакна дека ќе му недостига публиката во Њујорк и најави учество на Лејвер купот.

Здраво на сите, денес ви пишувам за да ве информирам дека решив да не учествувам на овогодинешниот УС Опен, место каде што имам неверојатни спомени. Ќе ги пропуштам тие електрични и специјални ноќни сесии во Њујорк, но мислам дека овој пат не би можел да дадам 100 проценти. Благодарам на сите мои американски фанови, ќе ми недостигате и ќе се видиме некој друг пат. Среќно на сите на секогаш фантастичниот УС Опен! Мојот следен настан ќе биде Лејвер купот во Берлин – напиша Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…