ТОНИ КРОС (34) во мај го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека ќе се пензионира по ЕП, бидејќи минатата сезона Германецот беше еден од клучните играчи во походот на Реал за освојување на Ла Лига и Лигата на шампионите со одлични перформанси.
Крос играше како да е десет години помлад и има способност, моќ и квалитет да ги издржи годините на Модриќ (39) на теренот. Сепак, како што рече во најавата за крајот на кариерата, секогаш сакал да замине кога е на врвот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот Германец, во интервју за шпанските медиуми изјави: “Лука Модриќ сака да игра до крај. Јас никогаш не би го направил тоа. Освен тоа, Модриќ прифати нова улога, во која игра помалку. Тоа не би било мојата одлука, но тој гледа поинаку, секој има свој начин“.
Крос го спореди Модриќ со Роналдо: „Кристијано и Лука се зависни од успехот. Тоа не запира. Тие одлучија против она што го прават 95 отсто од фудбалерите, а тоа е да престанат да играат на својот врв. Наместо тоа, тие избраа да уживаат во фудбалот уште малку , што е исто така добро, ако тие се задоволни со тоа, тогаш одлично.“