Дома Фудбал ПСЖ донесе тинејџер за 70 милиони евра

ПСЖ донесе тинејџер за 70 милиони евра

Младиот португалски играч за врска Жоао Невес (19) ја напушти Бенфика и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, соопштија од парискиот клуб.

Невес потпиша договор со ПСЖ до 2029 година, а според француските медиуми Бенфика ќе добие 60 милиони евра, и евентуален бонус од 10 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот играч за врска е производ на младинската академија на Бенфика, тој дебитираше за првиот тим во јануари минатата година. Горд сум што ќе ја продолжам кариерата во Пари Сен Жермен, многу амбициозен клуб. Ќе дадам се од себе да им помогнам на моите соиграчи, да растам во овој фантастичен клуб и да освојам бројни титули“, изјави Невес за клупската веб-страница.

Младиот Португалец забележа девет настапи за националниот тим, а учествуваше и на неодамнешното ЕП. Невес е второто засилување на парискиот клуб ова лето по доаѓањето на 25-годишниот руски голман Матвеи Сафонов кој пристигна од Краснодар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се активира ли „бомба“: Мајкл Олисе во Реал Мадрид!?

Баерн Минхен испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови, особено до Реал Мадрид &…