Дома Фудбал Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, откако во Бордо ја совлада Аргентина во четвртфиналето со резултат 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жан-Филип Матета во петтата минута.

Веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две минути пред да се разделат ривалите. Наводно, метеж имало и во тунелот што води кон соблекувалните.

Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор Хавиер Маскерано.

Во полуфиналните мечеви на олимпискиот турнир на 5 август Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за ривал ќе го има Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија го гази Узбекистан: Шоу на Роналдо за голем подвиг на Мундијалите! (Видео)

Португалија има 3-0 против Узбекистан, а главен на теренот е Кристијано Роналдо кој постиг…