Дома Фудбал Давид де Геа поставува нереални барања на клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги

Давид де Геа поставува нереални барања на клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги

ДАВИД ДЕ ГЕА во овој преоден рок би требало да му се врати на фудбалот по едногодишната пауза што ја направи минатата година откако Манчестер Јунајтед не му го продолжи договорот.

Засега е под знак прашалник дали ќе го направи тоа, бидејќи постави високи барања до заинтересираните клубови, поради што некои се откажаа од неговиот ангажман.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Де Геа помина 12 години во Манчестер Јунајтед, каде пристигна како 21-годишен од Атлетико Мадрид. Ја освои Премиер лигата (2012/13), ФА Купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17) и освои вкупно осум трофеи со гигантот од Олд Трафорд. Два пати беше прогласуван за најдобар голман во Премиер лигата (2018 и 2023 година).

Според Tрансфермаркт, пазарната вредност на Де Геа денес е 5 милиони евра. Еден од најдобрите голмани на генерацијата и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед одигра 545 натпревари. Прими 590 гола, а 190 пати ја сочува мрежата.

Преку медиумите се пренесува дека Де Геа има неколку понуди и дека го бараат клубови од Англија, преку Турција до Саудиска Арабија. Се пишуваше и дека преговарал со некои шпански и италијански клубови, но и дека Џенова и Фиорентина заклучиле дека тој е прескап за нив. По една година пауза, Де Геа бара пет милиони евра по сезона. Ова е сумата што би можел да ја добие во Саудиска Арабија, поконкретно во Ал Наср кој покажува интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убави вести за Артета: Клучен играч наскоро се враќа во тимот

„Многу наскоро во тимот ќе го имаме Мартин Одегард“, најави тренерот на фудбалерите на Арс…