Трет пораз на Сити на гостувањето во Америка. Поточно, ремизираа против Барселона во Орландо, но промашија два од три пенали, па на крајот неважната победа им припадна на Каталонците.
Барса поведе откако Пау Виктор го совлада Едерсон, но со брилијантниот гол на младиот Ник О’Рајли Сити дојде до израмнување. Барса повторно поведе пред полувремето, стрелец беше Пабло Торе, а на крајот Џек Грилиш го одведе натпреварот во пенали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тимот на Сити се појави и Џејден Хески, синот на поранешниот репрезентативец Емил. Многу млади играчи беа на сцената во Сити, се очекува да добијат шанса следната сезона во куп натпреварите.
Инаку, Халанд постигна чист гол во воведните 15 минути од натпреварот, топката ја мина гол линијата, но немаше видео технологија за потврда, па во тој момент остана 0:0.
Во досегашните подготовки Сити загуби од Милан и Селтик, им останува уште еден натпревар во Америка, дуелот со Челзи викендов.
Manchester City vs Barcelona [2]-[2]
— 曼联球迷 (@utdbaki) July 31, 2024
All Goals Scored✨
pic.twitter.com/7JlfIvW6h6