Дома Останати Тенис Надал и Ѓоковиќ ќе го одиграат можеби последниот меч досега. Еве кога е на распоредот

Надал и Ѓоковиќ ќе го одиграат можеби последниот меч досега. Еве кога е на распоредот

Рафа Надал го совлада Унгарецот Мартон Фучович со 2:1 (6:1, 4:6, 6:4) и ја закажа јубилејната 60-та пресметка со Новак Ѓоковиќ, втора на Олимписките игри. Надал (38) и Ѓоковиќ (34) денеска околу 13 часот и 30 минути на централниот терен во Париз ќе го одиграат можеби последниот меч досега.

Надал по ОИ најави можност да се повлече од тенисот, а во последните неколку меча покажа дека е далеку од формата што го красеше кога беше најдобар играч на светот.

Ѓоковиќ е голем фаворит, а организаторите решија овој меч да го закажат во идеално време поради големината на двајцата играчи.

Натпреварот ќе започне кога ќе заврши оној меѓу Ига Свијатек и Французинката Дијана Пари. Тој натпревар треба да започне напладне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…