Трикратната победничка на Ролан Гарос и најдобра тенисерка на светот Ига Швијатек во своето четврто финале во Париз ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини.
Во првото полуфинале, Швијатек ја победи Американката Коко Гауф со 6:2, 6:4 во 97 минути и на тој начин и го нанесе 11-от пораз во нивниот 12-ти меч, додека Паолини беше уште поубедлива и ја совлада 17-годишната Русинка Миро Андрејева во само 73 минути со 6:3, 6:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За 23-годишната Ига ова беше 18-та последователна победа на последните три турнири сезонава и 20-та по ред на терените на Ролан Гарос, каде последен пат беше поразена во четвртфиналето во 2021 година.
Во саботата таа ќе се обиде да стигне до својата трета последователна титула во Париз и вкупно пет трофеи на Грен слем турнирите.