Легендарниот Тони Крос по крајот на Европското првенство ќе ја заврши кариерата, а веќе го одигра последниот натпревар во дресот на „кралевите“.
Иако, според неговата форма и понатаму може да игра на високо ниво, сепак Крос одлучи да каже „збогум“ на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер заминува со уште еден, шести трофеј во Лигата на шампионите (има една Лига на шампиони со Баерн и пет со Реал), а последен турнир на кој ќе игра во кариерата е Европското првенство во неговата Германија.
Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен и Интер, Лотар Матеус зборуваше за Тони Крос и имаше што да каже на таа тема.
„Продавањето на Тони Крос е најголемата грешка што Баерн Минхен некогаш ја направил“, изјави Матеу.
Крос од Баерн Минхен во Реал Мадрид премина во 2014 година за сума од 24 милиони евра.
Меѓутоа медиумите потсетуваат и дека Манчестер Јунајтед направи голема грешка со Крос. Имено, се потсетува дека овој клуб имаше договор со Крос кога Дејвид Мојс беше тренер, но по неговото заминување и доаѓањето на Ван Гал таа комуникација сеп рекина и холандскиот стратег се одлучи за некои други имиња во средниот ред.