„France Football“ пред неколку дена ја објави листата на 30 фудбалери кои се во конкуренција да ја освојат Златната топка за оваа година.
Многумина веруваат дека и оваа година ќе продолжи доминацијата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо која трае веќе десет години. Најголеми шанси има Роналдо кој со Реал ја одбрани титулата шампион на Евопа, иако Меси е многу подобар на индивидуално ниво.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, постојат и оние кое се уверени дека оваа доминаија би можела да престане, но тешко дека некој трет ќе исплива над овие двајца. За прекин на доминацијата најголеми шанси има Нејмар, кој јасно призна дека сега неговата главна цел е освојување на Златната топка.
Француските медиуми денеска објавија дека бразилскиот напаѓач има лукав план како да дојде до Златната топка. Нејмар е свесен дека оваа година нема шанса, но се надева дека следната би можел да стане најдобар играч во светот. Бразилецот сака со ПСЖ оваа сезона да освои се што може да се освои, и да продолжи со истиот ритам со Бразил.
Следното лето се игра Светското првенство во Русија и Нејмар е со цел Бразил да стане шампион на светот. Најскапиот играч во светот е сигурен дека ќе дојде до Златната топка доколку успее да го спроведе својот план до крајот. А, можеби дојде времето кога некој труг треба да дојде на тронот.