Од вчера е и официјално познато дека Чави Ернандез наредната сезона нема да биде тренер на Барселона и на клупата ќе го наследи германскиот стратег Ханси Флик.
Според последните информации од Шпанија, Чави е разочаран и нема да го прости лошиот однос кои Лапорта и раководството на клубот го имаа кон него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чави во јануари објави дека заминува, а потоа клубот започна да го убедува да остане тренер. Кога пред неколку недели прифати сите очекуваа дека тука сагата завршува, меѓутоа дојде до пресврт каков што не се очекуваше.
По натпреварот со Алмерија, Чави зборуваше за финансиската состојба во клубот зборувајќи дека не е добра, а тоа толку многу ги налутило луѓето во клубот што го смениле мислењето за него, па го отпуштија.
Поради таа цела ситуација Чави сега не сака да се откаже од оштетата која му следи за предвремен раскин на договор, нешто што ќе го направеше ако ситуацијата останеше како во јануари кога доброволно сакаше да замине.
Ако се остварат најавите на шпанските медиуми, Барселона ќе мора на Чави да му исплати околу седум милиони евра и уште околу осум на неговиот стручен штаб.
Во ситуација кога Барселона се уште не ги решила финансиските проблеми сумата од 15 милиони евра која би требало да исплатат секако би било незгоден удар за стабилноста на клубот.