Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој за него ќе биде еден вид подготовка за Ролан Гарос.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ вообичаено не играл на овој турнир, меѓутоа по раната елиминација во Рим, српскиот тенисер сметал дека нема доволно натпревари на земјена подлога.
Но, откако се потврди дека Ѓоковиќ ќе игра во Швајцарија стигнаа и одредени обвинувања.
Швајцарскиот медиум „Ле Кантон 27“ смета дека Ѓоковиќ на турнирот ќе ги провоцира Албанците во оваа земја.
„Новак со неговата позната парола – Косово е Србија, ќе ги провоцира Албанците во Швајцарија“.