Изминатата вечер Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието поради инцидентот во кој беше удрен со шише во глава на турнирот во Рим, а на турнирот во Рим се случил и уште еден скандал.
Имено, италијанската публика го навредувала Американецот Себастијан Корда во мечот против домашниот тенисер Флавија Коболи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фановите кои биле во близина на теренот контатно фрлале работи кон Американецот, а според информациите кон Корда биле искажани и навреди за неговото семејство и неговата девојка.
По победата од 2:1 во сетови Американецот се огласи на социјалните мрежи.
„Овој триумф го посветувам на навивачите кои два ипол часа зборуваа недолично за мојата девојка, семејството и тимот. Ви благодарам за дополнителната мотивација“, објави Корда.
Инаку, Корда е во врска со Ивана Недвед, ќерка на славниот фудбалер и поранешен играч на Јувентус, Павел Недвед.
Sebastian Korda blowing a kiss to a group of disrespectful fans in the stands after winning his match versus Cobolli.pic.twitter.com/sHXSikHXX7
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 10, 2024