Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за инцидентот со шишето: Ви благодарам за пораките. Тоа беше несреќен случај, добро сум

Ѓоковиќ за инцидентот со шишето: Ви благодарам за пораките. Тоа беше несреќен случај, добро сум

НОВАК ЃОКОВИЌ ќе игра во 3. коло на турнирот Мастерс 1000 серијата во Рим. По вчерашната победа против Французинот Муте се случи еден немил инцидент.

Ѓоковиќ по натпреварот застана покрај теренот за да им дели автограми на своите навивачи. Во моментите додека го правеше ова, од ранецот на невнимателен навивач му падна шише и го удри во главата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Српскиот тенисер веднаш падна на земја, а потоа бил пренесен на контрола. Поради ова тој не се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Сепак, тој преку објава на „Х“ потврди дека се е во ред и дека ќе го продолжи турнирот. Ноле им се заблагодари на навивачите за пораките за поддршка во кои ја изразуваат загриженоста за него.

Тој напиша: „Тоа беше несреќен случај. Добро сум, одмарам во хотелот со леден пакет. Ќе се видиме во недела“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…