Дома Останати Тенис Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот натпревар досега.

Тој егзибициски меч се играше на Мајорка, а во историјата на тенисот е познат како „Battle of Surfaces“.

Имено, теренот на кој играа беше поделен на две подлоги. Од едната страна имаше земја, а од другата трева. Тоа беше затоа што Шпанецот доминираше на земјена подлога, а Швајцарецот на трева и идејата беше овој меч да даде одговор кој е вистинскиот крал на тенисот.

Седум илјади гледачи го следеа натпреварот во живо, а повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот го следеа натпреварот на ТВ екраните. На крајот победи Надал со 7:5, 4:6, 7:6 (12:10).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…