Дома Фудбал Останато Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш Боаш.

Поранешниот тренер на тимот од стадионот „Драгао“, освојувачот на Лига Европа со тој клуб и човекот кој подоцна ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит и Олимпик Марсеј, на почетокот на годината се одлучи на ваков потег, што не беше премногу големо изненадување, бидејќи тој најави ваква одлука уште порано.

Иако е млад тој надвор од тренерската работа е веќе три години откако го напушти Марсеј и очигледно е дека се подготвуваше за некоја друга улога.

Боаш стави крај на четириесет и двегодишното владеење на Хорхе Пинто да Коста. Славниот претседател на Порто има 86 години и е човекот кој најдолго во историјата е на чело на еден фудбалски клуб. Покрај тоа, со Порто освои 68 трофеи, што го издвојува и во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…