Дома Останати Тенис Шок: Се пензионираше една од најпознатите тенисерки на денешницата!

Шок: Се пензионираше една од најпознатите тенисерки на денешницата!

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза на прес-конференција одржанa денеска објави крај на својата професионална кариера.

Мугуруза последниот меч го одигра во јануари 2023 година, но сепак ваквата нејзина одлука е неочекувана бидејќи има 30 години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Некогашната најдобра тенисерка во светот во 2017 година двапати го крена трофејот на Грен слем турнирите. Триумфираше на Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година и е единствената тенисерка која некогаш ги победила двете сестри Вилијамс, Венус и Серена, во финалето на големите натпреварувања.

Мугуруза е родена во Венецуела, но на шестгодишна возраст се преселила во Шпанија, а на три години почнала да игра тенис.

За време на нејзината богата кариера, таа освои вкупно десет ВТА турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…