Дома Останати Тенис Грабеж среде бел ден во Монте Карло: На тенисер од рака му извадиле часовник вреден 300.000 евра

Грабеж среде бел ден во Монте Карло: На тенисер од рака му извадиле часовник вреден 300.000 евра

Aмериканскиот тенисер, Себастијан Корда кој се натпреварува на турнирот во Монте Карло се соочи со непријатност откако од рака му бил украден часовни вреден околу 300.000 евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инцидентот се случил неколку дена пред да започне турнирот во Монте Карло. Според информациите двајцата крадци го опколиле Американецот недалеку од теренот каде што тренирал и му го одземале часовникот.

Сторителите веднаш по делото побегнале со мопед. Иако од случајот помина околу една недела полицијата се уште не ги открила. Грабежот бил снимен на една од уличните камери и од полицијата сметаат дека акцијата бил планирана.

Инаку станувало збор за часовник од брендот „Ричард Мил“. На турнирот во Монте Карло, Корда во првото коло го победи шпанскиот тенисер Давидовиќ со 6:1 и 6:2, додека во второто коло беше елиминиран од Италијанецо, Јаник Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…