Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски кој беше обвинет за непријавување на прекршок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во мај 2023 година Начевски беше ослободен од функцијата претседател на Судиска Комисија откако не пријавил сомнителен разговор во ЕХФ. Начевски се жалеше дека нема никаква вина и случајот се врати на повторно разгледување.
Денеска ЕХФ објави дека одлуката е потврдена. Начевски е суспендиран две години и суспензијата почнува да важи од денеска. Освен тоа ќе мора да плати и казна од 5.000 евра.
Во периодот на суспензијата Начевски не може да извршува никакви фунцкии во ЕХФ или активности кои се поврзани со европската куќа на ракометот.