Дома Фудбал Седум години играше на секој натпревар за Франција, а сега ја прекина рекордната серија

Седум години играше на секој натпревар за Франција, а сега ја прекина рекордната серија

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман (32) ќе ја прекине рекордната серија од 84 последователни настапи за француската фудбалска репрезентација.

Поради повреда на скочниот зглоб, Гризман ќе ги пропушти пријателските натпревари против Германија во Лион на 23 март и Чиле во Марсеј три дена подоцна.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Напаѓачот на Атлетико се појавува на секој натпревар на Триколорите во последните седум години, а тренерот Дидие Дешамп наместо него го повика играчот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи.

За француската репрезентација Гризман на 127 настапи постигна 44 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуда тешка повеќе од милијарда евра пристигнува во Торино: Јувентус оди на продажба!?

Торинскиот гигант се најде во центарот на голема финансиска приказна која би можела да ја …