Фудбалерите на Манчестер јунајтед мора да заиграат подобро ако сакаат да се борат за позициите кои водат во европските купови, а тренерот Ерик Тен Хаг бара нови засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ не се премногу ефикасни во нападот, но наскоро би можеле да добијат напаѓач од Баерн Минхен, а станува збор за Ерик Максим Чупо-Мотинг.
Камерунскиот напаѓач до крајот на јануари би можел да се пресели на „Олд Трафорд“, но само ако двете екипи пронајдат заеднички јазик.
Чупо-Мотинг во текот на кариерата играше и за ПСЖ, односно има големо искуство и би требало да им помогне на „ѓаволите“.