Дома Топ вести Севиља спреми богата понуда за Столе Димитриевски

Севиља спреми богата понуда за Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски влезе во последните месеци од договорот со Рајо Ваљекано и веќе слободно може да преговара со други клубови.

Најсилен интерес за Димитриевски покажува Севиља, која му нуди договор со плата од 2 милиони евра по сезона, открива „Ел Чирингито“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа е многу поголема сума од сегашниот договор на Димитриевски со Рајо според кој заработува 800.000 евра по сезона.

Димитриевски игра одлично во дресот на Рајо и за него има интерес и од други екипи од Примера, но понудата од Севиља тешко дека ќе може да ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…